Дванаесет држави од Јужна Америка денеска и утре се собираат во еквадорскиот главен град Кито за разгледување решенија за венецуелската бегалска криза.
Американската армија укинува помош од 300 милиони долари за Пакистан, бидејќи Исламабад бил неуспешен во борбата против милитантите.
Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, побара од Европската унија да се откаже од принципот на едногласно донесување одлуки за да не се најдат нејзините членки „како зајаци пред змија" поради санкциите воведени од САД.
ОН повикаa за ослободување на двајца новинари на агенцијата Ројтерс осудени во Мјанмар на седум години затвор под обвинение за кршење на законот за државна тајна.
Данската министерка за интеграција на странци Ингер Стојберг изјави дека Владата на оваа скандинавска земја ќе предложи закон според кој еден од условите за добивање данско државјанство ќе биде и идниот државјанин да не одбива да се ракува при поздрав.
Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР) соопшти дека криумчарите на луѓе многу ризикуваат кога ги превезуваат лицата кон Европа, бидејќи крајбрежната стража на Либија пресретнува се повеќе бродови со мигранти, а се зголемува и веројатноста дека луѓето умираат на брод во тек на патување по Медитеранот.
Суд во Мјанмар осуди двајца новинари на Ројтерс на седум години казна затвор.
Меѓународно признаената Влада на Либија прогласи вонредна состојба во Триполи и неговата околина откако во повеќедневните судири загинаа 39 луѓе.
- За да бидеме успешни, мораме постојано да учиме и да се прилагодуваме на непријателот и на околината, посочи Милер, кој е поранешен командант на американските специјални единици.
Египетските археолози открија едно од најстарите населби некогаш пронајдени на делатата на Нил, чии артефакти датираат уште пред периодот на фараоните.