Рекордно ниска температура за крајот на летото, од минус 8,5 степени Целзиусови, беа регистрирани синоќа во областа Шумава, во јужниот дел на Чешка, соопшти Јана Гујслова, портпарол на Националната метеоролошка служба.
Адвокатите на Иран ќе побараат од Меѓународниот суд на правдата (ИЦЈ) во Хаг да им нареди на САД да ги повлечат санкциите воведени од администрацијата на претседателот Доналд Трамп кон Техеран.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху оцени дека Евреите и натаму се во опасност иако од Холокаустот изминаа повеќе децании.
Високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди изрази олеснување што кризата со мигрантите на бродот „Дичоти" е надмината, но повторно ја повика Европската унија да усвои правила за прифаќање на луѓето, спасени при обид да стигнат до Европа по вода.
Папата Франциско изјави дека родителите на хомосексуалните деца не треба да ги осудуваат, да ја игнорираат нивната ориентација или да ги бркаат од дома, туку да се молат за нив, да разговараат и да се обидат да покажат разбирање.
Станува збор за конгресмените Гери Коноли, Дина Титус, Сузан Дејвис, Дејвид Прајс и Бил Флорез. Тие денеска, според собраниската агенда,треба да остварат средба со претседателот на Собранието Талат Џафери, со тројцата потпретседатели, како и со координаторите на пратеничките групи на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, БЕСА и генералниот секретар на Собранието Цветанка Иванова.
Најмалку четири лица загинаа, а седум се повредени во оружен напад што се случи на турнирот за играње видео игри во Џексонвил, во американската сојузна држава Флорида. Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е мртов.
Претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган денеска вети дека земјата која ја води ќе донесе мир и безбедност во Ирак и во делови од Сирија, кои Турција не ги контролира, истакнувајќи дека терористичките организации ќе бидат отстранети од тие области.
Американскиот претседател Доналд Трамп, првата дама Меланија и министерот за здравство, Алекс Азар, ја посетија детската болница во Охајо.
По кратко боледувања синоќа во 81-та година од животот почина Џон Мекејн, американски сенатор и ветеран на Виетнамската војна. Голем неконформист и политичар „тешкаш“, обединувач на републиканците и демократите во клучни моменти од американската внатрешна и надворешна политика, иако самиот по вокација републиканец.