Туристичкиот сектор во Турција ја разгледува можноста за напуштање на системoт „All Inclusive“, објави Хуриет, повикувајќи се на Здружението на трговци и занаетчии.
Речиси четири децении изминаа од последната посета на папата на Ирска. Оттогаш, многумина од таа традиционална католичка земја го напуштија учењето на црквата за жените, хомосексуалците и абортусот.
Значителен дел од граѓаните на Шведска и Данска повеќе би сакале да бидат дел од „нордиската унија" отколку во Европската унија, покажа новото истражување.
Компанијата Баер соопшти дека бројот на американски тужби против Монсанто, кој неодамна го презеде, се зголеми од 5.200 на околу 8.000, откако на Moнсанто му било наредено да плати отштета поради тоа што не предупредил за наводни ризици од рак од препарати за уништувањее коров на база на глифосфати.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео следната недела повторно ќе ја посети Северна Кореја за да го убеди Пјонгјанг да се откаже од нуклеарното вооружување.
Преговарачите на САД и Кина ги завршија двонеделните трговски преговори без напредок. Делегациите разменија ставови за начините за достигнување правичност, баланс и реципроцитет во економските односи, соопшти Белата куќа.
Компанијата Гугл идентификувала и избришала 39 канали на ЈуТјуб поврзани со надводен обид на Иран да шири дезинформации во САД.
Новите еднострани санкции на САД против Русија во врска со случајот Скрипал, ќе влезат во сила околу 27 август, изјави претставник на Стејт департментот.
Авиокомпаниите Бритиш ервејз и Ер Франс денеска најавија дека следниот месец че ги запрат летовите кон Иран, со образложение дека тој лет не е „комерцијално одржлив".
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска во Тбилиси дека се уште не одлучила кого да номинира за следен претседател нЕвропската централна банка (ЕЦБ), и додаде дека разговорите за тоа прашање само што започнале.