Авганистанскиот главен град Кабул утрово беше цел на напади, јавија западни медиуми. Цел на нападите најверојатно е претседателскиот комплекс.
Претседателот Доналд Трамп вети дека нема да прави никакви отстапки кон Турција, за да издејствува ослободување на уапсениот од неа американски свештеник и изјави дека не го интересира дали наметнати од него казнени царини ќе донесат негативни ефекти врз европската економија.
Министерот за безбедност на Бразил, Серхио Ечегоен изјави дека државата нема да ги затвори границите кон Венецуела и покрај тензиите што предизвикаа напади врз венецуелски мигранти.
Преговори за мир во Авганистан можат да се водат само со владата во Кабул, но не и директно меѓу Вашингтон и талибанците, изјави висок официјален претставник на САД.
Најмалку осум жители на јужната италијанска област Калабрија загинале во поплавата што ја зафати клисурата Полино, која е популарна туристичка дестинација.
Американскиот претседател Доналд Трамп сноси голема одговорност за тоа како се претставуваат медиумите и неговите ставови би можеле да ги повредат новинарите и во другите држави, изјави денеска високиот комесар на Обединети нации за човекови права Зеид Рад ал-Хусеин.
Италијанските власти денеска му дозволија на бродот на крајбрежната стража Дичиоти, на кој се наоѓаат 177 мигранти, да се вкотви во Сицилија. Мигрантите, кои беа примени на бродот во малтешки територијални води, четири дена беа во неизвесност околу тоа дали ќе можат да се истоварат во Италија.
Мал патнички авион денеска се урна во Феникс, во американската сојузна држава Аризона, при што удри во два автомобили.
Турските безбедносни сили денеска приведоа две лица осомничени за нападот врз Амбасадата на САД во Анкара.
Турција поднесе жалба до Светската трговска организација (СТО) откако САД воведоа двојно повисоки царини за увозот на турски челик и алуминиум.