Иранските власти денеска објавија дека Европа треба да ги забрза своите напори за спасување на нуклеарниот договор од 2015 година меѓу Техеран и големите сили од кој се откажа американскиот претседател Доналд Трамп во мај, објави Иранската телевизија.
Шпанската полиција соопшти денеска дека пукала во маж вооружен со нож, кој се обидел да изврши напад на полициска станица во Каталонија.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека адвокатот на Белата куќа Дон МекГен не е „стаорец“ како што тоа бил за време на аферата Вотергејт, адвокатот на тогашниот претседател на САД, Ричард Никсон, Џон Дин, а истрагата на руското меѓање во американските избори Трамп го нарече „макартизам“.
Брисел, 20 август 2018 (МИА) – Италијанската влада бара помош од Европската Унија за решавање на уште еден миграциски спор со Малта и се закани дека ќе ги врати спасените мигранти во Либија, што би било нелегално, јави дописничката на МИА од Брисел.
Талибанците денеска во заседа во северниот дел на Авганистан киднапирале повеќе од 100 луѓе, вклучувајќи деца и жени, информираат официјални лица од таа земја.
Италијанскиот инженер и дизајнер на надвозникот во Џенова, при чие уривање настрадаа 43 лица, Рикардо Моранди, предупредил уште во 1979 година дека ќе биде неопходно константно одржување на надвозникот, за да се отстрани рѓата предизвикана од непосредната близина на морето и загаденоста на воздухот.
Околу 840 мостови во Франција се тешко оштетени и се изложени на ризик од уривање во следните неколку години, објави француската владина комисија. Во извештајот, објавен во локалните весници, се вели дека е потребна поправка на една третина од 12.000 мостови во надлежност на француската влада.
Најмалку пет лица загинаа вчера при новите земјотреси крај индонезискиот остров Ломбок, информираа локалните власти. Тие соопштија и за бројни урнати згради и панични сцени.
Коосновачот на модниот бренд „Супердрај“ (Superdry), Џулијан Данкертон денеска соопшти дека донирал еден милион фунти на група кој се залага за нов референдум за излез на Велика Британија од Европска унија.
Повеќе од 350 луѓе загинаа, а околу 800.000 се раселени поради поплавите кои ја погодија провинцијата Керала, јужна Индија.