Авганистанскиот претседател Ашраф Гани денеска соопшти дека е договорено примирје со талибанските бунтовници за време на муслиманскиот верски празник Курбан бајрам.
Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини се закани дека ќе врати 177 мигранти во Либија.
Северна Кореја се согласи персонал на Меѓународната организација за цивилна авијација (ИЦАО) да раководи со инспекцискиот надзор, за да се осигура безбедност на меѓународните летови, соопшти денеска Агенцијата на Обединети нации со седиште во Монтреал.
Фудбалер од Премиер лигата и играч од пониските нивоа на англискиот фудбал ќе бидат испрашувани од полицијата откако кон нив е упатено обвинение дека дрогирале и силувале француски модел, пренесе „Дејли Стар“.
Силен подводен земјотрес, со јачина од 8,2 степени, според Рихтеровата скала, забележан е кај Фиџи.
Заврши спасувачката операција за исчезнатите под урнатините на надвозникот Моранди во Џенова. Со што е потврдено дека во несреќата загинаа 43 лица.
Американските сили ќе останат во Ирак се додека е потребно, со цел да се стабилизираат регионите кои претходно беа под контрола на екстремистичката група Исламска држава, истакна полковникот Шон Рајан, портпаролот на меѓународната коалиција, предводена од САД, што се бори против екстремистите.
Земјотрес со итензитет од 4,9 степени, според Рихтеровата скала, утрово е регистриран во Егејското Море во близина на турското одморалиште Датча.
Три лица загинаа, а 38 се повредени во автобуска несреќа што синоќа се случи во југоисточниот дел на Полска.
Поранешниот лидер на Независната партија на Обединетото Кралство (УКИП), Најџел Фараж изјави дека се приклучува кон про-Брегзит групата со цел да се спротивстави на планот на британската премиерка Тереза Меј за идните односи со Европската унија.