Унгарските власти почнале да принудуваат кандидати за азил да се откажат од барањата со тоа што ги лишувале од храна, соопшти невладина организација.
Рускиот Совет за безбедност денеска го потврди претстојниот состанок меѓу својот секретар Николај Патрушев и американскиот советник за безбедност Џон Болтон.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека ја откажал воената парада планирана за ноември, бидејќи цената е „апсурдно висока“ и дека, наместо тоа, ќе го посети Париз на 11 ноември, за да присуствува на комеморацијата за Денот на ветераните.
Висок суд во Турција денеска одби жалба за ослободување на американскиот свештеник Ендру Брансон од домашен притвор, јавија турски медиуми.
Турски компании и владата можат да се соочат со критична ситуација за да се отплатат скоро 3,8 милијарди долари обврзници во странска валута во октомври во момент на колапс на турската лира која загуби повеќе од една третина од вредноста од почетокот на годината.
Градоначалникот на Лондон Садик Кан побара денеска од организации за вонредни ситуации во британската престолнина да разгледаат влијание кое евентуално, би имало од непостигнувањето договор врз пристап на лекови и храна, како и ефект од тоа врз закони и поредокот.
Во Италија утре е прогласен Ден на жалост поради жртвите од уривање на надвозникот во Џенова, при што загинаа 38 луѓе, а од 10 до 20 лица се водат како исчезнати.
Обединетите нации ја повикаа владата на Јемен и движењето Хути кои контролираат голем дел од северот на државата, на мировни преговори во Женева на 6 септември.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД „ништо нема да и платат“ на Турција за ослободување на американскиот свештеник Ендрју Брансон. Трамп го нарече Брансон „голем патриотски заложник“.
Две полициски возила пристигнаа во резиденцијата на Нетанјаху, додека демонстрантите пред влезот истакнаа транспарент на кој пишува „министер на криминалот“.