Најмалку 80 автомобили синоќа се опожарени во шведските градови Гетеборг и Тролхатен. Пироманите дејствувале истовремено во неколку реони.
На Емет Бруер (11) му беа потребни само десет минути да хакира копија од интернет страницата на државниот секретар на Флорида и да ги смени резултатите од избори.
Електронското издание на францускиот весник „Журнал ди Диманш“ (ЈДД) објави дека е пронајдено пристаниште за бродот „Аквариус“, кој превезува мигранти, и дека тоа нема да биде во Франција, но не открива каде.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска најави дека Турција ќе ги бојкотира електронските уреди произведени во САД, како реакција на влошените односи меѓу Анкара и Вашингтон.
Турската национална валута се стабилизира по неколкудневниот пад на курсот, кога достигна рекорни мининални вредности, по што денеска забележа раст од шест проценти.
Единцата за борба против тероризмот на британската полиција ја води истрагата за денешниот инцидент во Лондон, кога маж со автомобил удри во безбедносната ограда поставена пред зградата на Парламентот, објави Метрополитен полицијата на Твитер.
Европскиот институт за статистика (Евростат), објави дека индустриското производство во Европската унија и евро зоната забележа пад од 0,4 отсто односно од 0,7 проценти во јуни 2018 година, во споредба со претходниот месец.
Американското Федерално истражно биро (ФБИ) го отпушти својот заменик помошник директор Питер Строк поради СМС пораки со содржини против претседателот на САД, Доналд Трамп.
Еден маж утрово е уапсен во Лондон откако со автомобил удри во заштитната ограда поставена пред британскиот Парламент. Во инцидентот повредени се неколку пешаци.
Земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во јужниот дел на Атлантски Океан, соопшти Американскиот геофизички институт.