Боливискиот претседател Ево Моралес ја откри вчера спорната нова зграда на Владата во Ла Пас, јави ДПА.
Германското индустриско здружение ФГК-Клима, објави дека над 200.000 клима уреди се продадени оваа година, во споредба со просек од 150-160.000 во други години.
Германски компании се соочуваат со зголемена штета поради политиките на САД за санкции воведени од претседателот Доналд Трамп, вклучувајќи ги и оние против Иран, како и поради царините што ги воведува во трговската војна со Кина, предупредуваат германски бизнис асоцијации.
Финансиските превирања во Турција се алармантни - пад на турската лира за 30 отсто, пад на берзата за 17 отсто, скок на каматните стапки на државниот долг во лири на 18 отсто - тоа би можело да биде најава за објавување економско забавување во таа земја, можеби дури и рецесија.
Пилотите на најголемиот европски нускобуџетен авионски превозник Рајанер почнаа денеска најголем штрајк во историјата на компанијата. Речиси 400 летови на Рајанер се откажани.
Повеќе од 500 од 2.500 деца на мигранти, одвоени од нивните родители на границата со Мексико, остануваат под грижа на владата на САД.
Талибанците го нападнаа Газни, главниот град на истоимената источна авганистанска провинција, соопштија локалните власти.
Родителите на првата дама на САД, Меланија Трамп добија американско државјанство, јавија американски медиуми. Адвокат на Виктор и Амалија Кнавс, изјави во Њујорк дека словенечката двојка од синоќа се државјани на САД.
Најмалку 50 лица загинаа, а 77 други се ранети денеска при воздушен напад на арапската коалиција предводена од Саудиска Арабија врз пазар во градот Дахијан во северната јеменска провинција Сада, која важи за упориште на шиитските бунтовници Хути.
Властите на градот Розенхајм во југоисточниот дел на германската покраина Баварија попладнево прогласија вонредна состојба, поради пожарот што веќе неколку часа беснее во блискиот шумски предел, јави ДПА.