Пилотите на нискобуџетната компанија „Рајан Ер“ во Белгија, Германија, Шведска и Холандија најавија штрајк од 10 август, кон кој се очекува да се придружат и нивните колеги во Португалија.
Шпанските власти прогласија метеролошка тревога поради бранот од жежок воздух од Африка, кој се движи на север и се заканува да ги зголеми температурите на Иберискиот Полуостров над 40 степени Целзиусови.
Чешката инвестициска група ППФ соопшти дека го завршила преземањето на телекомуникациските компании на Теленор во земјите од централноисточна Европа по цена од 2,8 милијарди евра.
Во судир на два патнички воза во близина на Маќу Пикчу повредени се десет туристи, од кои пет се потешко. Железницата на Перу соопшти дека повредените се хоспитализирани и се истражува причината за несреќата.
Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, одговори на барањето на шпанската Влада за финансиска помош во справувањето со мигрантската криза и порача дека европските фондови се ограничени.
Романската опозициска Национална либерална партија (ПНЛ) побара оставка од министерот за одбрана Михаи Фифор, по неговата изјава дека американската армија во воената база Девеселу во јужна Романија распоредила балистички проектили.
Забраната за носење на облека која го прекрива лицето, како што се муслиманските марами ниџаб и бурка, на јавни места денеска стапи во сила во Данска.
Германскиот европратеник и близок соработник на германската канцеларка Ангела Меркел, Елмар Брок, кој е координатор на демохристијанската група во Европскиот парламент за британското истапување од ЕУ, порача дека втор референдум за Брегзит би бил можно решение за излез од ќор-сокакот во преговорите меѓу Брисел и Лондон.
Американскиoт производител на електрични автомобили „Тесла“ има намера да изгради голем производствен објект во Германија, велат извори за „Волстрит Џурнал“.
Курдски бунтовници активирале рачно направена експлозивна направа на пат во југоисточна Турција, при што загинаа жена и дете, соопштија светските медиуми повикувајќи се на агенцијата Анадолија.