Шпанските власти прогласија метеролошка тревога поради бранот од жежок воздух од Африка, кој се движи на север и се заканува да ги зголеми температурите на Иберискиот Полуостров над 40 степени Целзиусови.

Особено погодени се очекува да бидат јужните шпански провинции и регионот околу главниот град Мадрид.

Во неколку речни долини се очекуваат температури од дури 44 степени.

Граѓаните се предупредуваат да неизлегуваат без потреба во најжешките делови на денот, да пијат доволно течности и да ги климатизираат своите живеалишта и возила.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/08/2018 13:26