Американски федерален суд од Сиетл привремено го забрани споделувањето на нацрти за изработка на оружје од 3Д печатачи, откако во САД се прошири страв дека тие ќе можат слободно да се користат за изработка на оружје.
Една жена загина, а стотици куќи и стопански објекти се поплавени, по силните дождови што ја зафатија североисточна Романија. Спасувачките екипи морале да испумпуваат вода од голем број куќи, а некои места морале да бидат евакуирани.
Африканската национална унија на Зиммбаве - Патриотски фонт (ЗАНУ-ПФ), која е долгогодишна владејачка партија во Зимбабве, е победник на изборите што се одржаа завчера, соопшти денеска Изборната комисија на земјата.
Во писмо испратено до својот персонал на 27 јули, Европската комисија и Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) ги информира вработените со британско државјанство, кои работат во дипломатските претставништва на ЕУ низ светот, дека ќе треба да се вратат до септември 2019 година.
Американската министерка за внатрешна безбедност Кирстјен Нилсен го поздрави Фејсбук затоа што презеде акција за да прекине кампања со политичко влијание на платформата, што, како што оцени, покажува дека компанијата сериозно ја сфаќа безбедноста на претстојните избори.
Двајца мажи признаа дека украле мала ајкула од Аквариумот на Сан Антонио, Тексас, така што ја замотале во ќебе и ја изнеле со бебешка количка, соопшти локалната полиција.
Во германската сојузна покраина Баварија денеска се отвараат првите центри за прием на мигранти, со капацитет од 1.000 до 1.500 лица, во кои ќе се обработуваат барањата за азил, јави новинската агенција ДПА.
Белгиските власти воведоа давачка од 50 евра за безбедносни проверки на новинарите кои известуваат од самитите на Европската унија. Давачката се однесува само на новинарите кои постојано живеат во Белгија, додека повремените известувачи од европските самити не мора да ја плаќаат.
Поголемиот дел од минатата деценија САД малку внимание обрнуваа на Латинска Америка. Наместо тоа се насочија кон зајакнување на економските, воените и дипломатските врски со Азија, како дел од стратегијата на Администрацијата на тогашниот претседател Барак Обама за намалување на влијанието на Кина.
Кубанските комунистички власти почнаа да го дистрибуираат во јавност текстот на новиот предлог Устав, во кој се предвидува гарантирање на правото на приватна сопственост, не се спомнува дека Куба е комунистичка држава и се признаваат истополовите бракови.