Северна Кореја ќе мора да покаже конкретни дела за прекин на својата нуклеарна програма, доколку сака укинување на меѓународните санкции кон неа, изјави денеска во Сеул германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го обвини Твитер дека на својата платформа ја ограничува видливоста на истакнати републиканци.
Поранешниот пакистански крикет играч Имран Кан прогласи победа на изборите во Пакистан и најави дека доаѓа времето на „нов Пакистан“. - Му благодарам на Господ за победата и за постигнатиот успех, изјави Кан.
Светот се соочува со избор помеѓу соработка или судир, изјави денеска кинескиот претседател Си Џинпинг. Неговата изјава е во време на трговскиот спор помеѓу Кина и САД.
Во пожар што изби во зграда во изградба во Тама сити, западно предградие на Токио, починаа најмалку две лица, а околу 40 се повредени.
Ситуацијата помеѓу синдикатите и Рајан Ер ескалира откако штрајковите во повеќе европски градови доведоа до стотици откажани летови, а директорот на компанија најави дека одбива да им плати отштета на патниците.
Американската Администрација живее во алтернативна реалност со неприфаќањето на руската анексија на Крим пред четири години, соопшти денеска Амбасадата на Русија во Вашингтон.
Европската комисија усвои нови правила за менталното здравје на пилотите, три години откако Андреас Лубиц, германски пилот, урна авион на Џерман Вингс и за кого се откри дека пател од тешки психијатриски нарушувања.
Градот Хамилтон, релативно непознатата престолнина на Бермудите, е најскапиот град за живеење во светот, според листата на порталот „Нумбео“.
Кралската воздухопловна служба на Велика Британија соопшти дека лансирале два „Тајфун“ борбени авиони од Романија откако бил забележан руски воен авион како се движи кон воздушниот простор на НАТО.