Американската Национална аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА) објави сателитски снимки од пожарите во околината на грчкиот главен град Атина, во кои загинаа над 80 лица, а околу 180 беа повредени.
Шведските власти денеска забранија палење скара во надеж дека ќе се намали опасноста од шумски пожари, јави новинската агенција ДПА.
Новозеландскиот Парламент денеска усвои Закон со кој се предвидува посебен платен десетдневен одмор за жртвите на семејно насилство.
Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) денеска соопшти дека донела одлука да отпушти над 250 службеници што работат во Појасот Газа и на Западниот Брег, како резултат на решението на САД за замрзнување на помошта за Палестинците.
Шпанската Национална спасувачка служба во текот на денот пресретна 175 мигранти во неколку пловила во близина на јужниот брег на Шпанија.
Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека нема потреба да одговори на „празните закани“ на американскиот претседател Доналд Трамп.
„Исламска држава“ презеде одговорност за нападот во Торонто, во кој загинаа две лица, а 13 беа повредени, јави агенцијата на групата АМАК.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска дека се противи на прекинувањето економски односи со Иран.
Поранешниот каталонски премиер Карлес Пуџдемон денеска соопшти дека на 28 јули се враќа во Белгија, откако Шпанија ја повлече европската потерница според која беше уапсен во Германија во март.
Поранешниот шеф на Фијат Крајслер Серџо Маркионе почина денеска, на возраст од 66 години, соопшти компанијата Фиат. - За жал, Серџо Маркионе, човек и пријател, почина, соопшти директорот на Ферари Џон Елкан.