Европската комисија соопшти дека почнува постапка против Полска за прекршување на правото на Европската унија, поради двата контроверзни закони за реформи на судскиот систем.
- Турција треба да добие јасна порака дека ЕУ сака да ги преформулира своите односи со Турција и дека нивните активности ќе имаат последици, затоа што во моментов тие чувствуваат дека нема последици, изјави Салил Шети.
Кина се подготвува за потенцијална криза со Северна Кореја, зацврстувајќи ја својата одбрана долж заедничката граница, вклучувајќи го и создавањето нова гранична бригада и изградбата на бункери за цивилното население, јави весникот „Волстрит џорнал“.
На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео, кое прикажува 18 мажи во портокалови комбинизони, со покриени глави, кои клечат на земја и кои ги убиваат мажи во црни одела, пукајќи им во тилот, пишува „Дејли мејл“.
Ваквата изјава на Хан доаѓа само неколку дена откако Германија најави можност за суспензија на исплатата на средствата од ЕУ, што и беа ветени на Турција во рамките на мигрантскиот договор.
Ватикан соопшти дека поради суша во Италија ги затвора сите фонтани „вклучително и оние на плоштадот на Свети Петар во Рим и фонтаните во ватикански дворови“.
Полската конзервативна Влада соопшти синоќа дека ќе ја продолжи оспоруваната реформа на судскиот систем и покрај ветото на два од трите закони за реформирањето, ставено од претседателот Анджеј Дуда.
Минските спогодби од февруари 2015 година имаа за цел да доведат до прекин на борбените дејствија и почеток на политичкиот дијалог меѓу проруските сепаратисти и Владата во Киев.
Европската Унија денеска ја предупреди Турција дека нејзината економија може да претрпи штета доколку растечките тензии со Унијата, особено со Германија, излезат од контрола.
Полскиот претседател Анджеј Дуда соопшти денеска дека става вето врз двата закона за реформи на судскиот систем кои предизвикаа големи протести во државата.