Генерални секретар на НАТО Јенс Столтенберг пред денешниот самит на НАТО во Брисел изјави дека Алијансата овој пат нема да упати покана до Бих за членство.
Кина за првпат се најде меѓу 20-те најиновативни економии, додека САД паднаа на шесто место, стои во извештајот Глобален индекс за иновации 2018. На прво место е Швајцарија, а по неа се Холандија, Шведска, Велика Британија и Сингапур.
Фејсбук се соочува со првата парична казна поради тоа што не ја спречил фирмата Кембриџ аналитика да дојде до информации од профилите на корисници на таа социјална мрежа.
Најмалку 10 лица се убиени и уште десет се повредени во денешниот напад врз зграда на одделот за образование во источниот авганистански град Џалалабад.
Германската министерка за одбрана, Урсула Вон Дер Лејен во изјава за МИА изрази уверување дека Македонија ќе ја добие поканата за НАТО денеска и оти планира да ја посети земјата наесен.
Во поплавите и свлечиштата во западниот дел на Јапонија до сега загинале 176 луѓе, јавија локалните медиуми цитирајќи официјален претставник на Владата.
Неонацистката Беате Цшепе денеска е осудена во Германија на доживотна казна затвор поради убиство, кое го сторила како член на неонацистичката група НСУ.
Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека во текот на претседавањето со ЕУ, Австрија сака да придонесе во решавање на споровите на Западен Балкан.
При пристигнување на Самитот на НАТО во Брисел, по појадокот со американскиот претседател Доналд Трамп, кој упати остри критики за ниските буџетски стапки за одбрана на земјите членки на НАТО, генералниот секретар Јенс Столтенберг беше одлучен да покаже оптимизам дека Алијансата денеска ќе остане обединета.
Германија не е заложник на руската политика, изјави германската министерка за одбрана, Урсула фон дер Лајен, реагирајќи на обвинението на американскиот претседател Доналд Трамп дека Германија е „целосно контролирана" од Москва.