Претседателот на САД Доналд Трамп, денеска на Твитер повторно ги нападна неговите медиумски непријатели, „Вашингтон пост“ и „Њујорк тајмс“.
Севернокорејското Министерство за надворешни работи соопшти денеска дека разговорите со државниот секретар на САД, Мајк Помпео, се „за жалење“.
Поранешниот премиер на Италија Силвио Берлускони ќе се кандидира на изборите за Европскиот парламент, што ќе се спроведат догодина, наведе денеска претседателот на ЕП, Антонио Тајани.
Земјотрес со итензитет од 6,0 степени, според Рихтеровата сакала, денеска е регистриран во Јапонија, соопшти јапонската Национална метеоролошка служба.
Уапсени се три лица, од нив двајца албански државјани од приморскиот град Валона на возраст од 30 и 34 години, како и еден 65-годишен италијански државјанин.
Најмалку 38 лица загинаа, а околу 50 други се водат како исчезнати по невремето проследено со јак ветер и поројни дождови, што ги погоди западните и централните делови на Јапонија, предизвикувајќи поплави и лизгања на земјиштето.
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско и неколкумина православни патријарси денеска во италијанскиот град Бари одржаа молитва за христијаните од Блискиот Исток.
Индиски бизнисмен во текот на овој месец ќе престојува на одмор во Истанбул, каде со себе ќе поведе 3.500 свои вработени, за што ќе потроши над 10 милиони долари.
Јужните делови на американската сојузна држава Калифорнија се зафатени од жежок бран, поради што синоптичарите за денеска најавуваат температури од 40 степени Целзиусови.
Пет лица се повредени на првиот ден од традиционалната трка со бикови низ улиците на шпанскиот град Памплона, соопшти денеска локалната канцеларија на Црвениот крст.