Јужнокореецот Ким Џонг-јанг денеска е избран за нов претседател на Меѓународната полициска организација (Интерпол), како наследник на Кинезот Менг Хонгвеј, кој во септември беше уапсен од страна на кинеските власти под обвинение за примање поткуп.
Берзанските индекси на Волстрит вчера остро паднаа втор ден по ред, при што под најголем притисок беше енергетскиот сектор поради падот на цените на нафтата, а остро падна и трговскиот сектор поради слабите деловни резултати на неколку компании.
Талибанците соопштија дека не се вмешани во вчерашниот самоубиствен напад во Кабул, при што загинаа 55 лица, а над 70 се повредени.
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека можеби ќе присуствува на следната годишна вечера на Асоцијацијата на дописници од Белата куќа, по одлуката на настанот повеќе да не се кани комичар.
САД и порачаа на Јужна Кореја дека не треба да ги зајакнуваат односите со Пјонгјанг побрзо од тоа што Северна Кореја презема чекори за откажување од своето нуклеарно оружје, изјави американскито државен секретар Мајк Помпео.
Британската премиерка, Тереза Меј, попладнево ќе се сретне со претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, за да ги финализира последните елементи од Брегзит.
Австралија стана најновата земја која одби да го потпише договорот за миграција на Обединетите нации, а министрите во Канбера рекоа дека тој не е во национален интерес.
Пентагон проценува дека трошоците за воената мисија на границата помеѓу САД и Мексико според актуелните планови изнесува 210 милиони долари.
Американскиот претседател Доналд Трамп ја изврши традиционалната годишна церемонија со која помилува две мисирки во Белата куќа, во пресрет на американскиот празник Ден на благодарноста.
Шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу синоќа изјавио дека Анкара не е во целост задоволна од нивото на соработка со Ријад за истрагата за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, поради што Турција би можела и формално да побара во истрагата да се вклучат и Обединети нации.