Повеќе од 1,7 милиони сириски бегалци може во блиска иднина да се вратат во своите домови во Сирија, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
Во Александрија при градежни гработи беше пронајден масивен саркофаг од црн гранит кој бил затворен повеќе од две илјади години.
Американскиот кошаркар, Тајлер Ханикат, не е убиен во престрелката со полицијата, туку бил мртов пред полициските службеници да влезат во неговата куќа.
Руската влада го повика на разговор грчкиот амбасадор во знак на протест поради протерувањето на двајца руски дипломати, како дел од несогласување околу плановите на Македонија за членство во НАТО.
Постојаниот претставник на Русија во Европската унија, Владимир Чизов изјави дека одлуката на Грција да протера руски дипломати е предизвикана под влијание однадвор.
Македонија со приклучувањето во НАТО, покрај безбедносни гаранции, ќе има и голем економски бенефит. Тоа го покажа искуството на Црна Гора по влезот во Алијансата, порача црногорскиот министер за внатрешни работи Мевљудин Нухоџиќ по денешната средба во Охрид со неговиот македонски колега Оливер Спасовски.
Главниот преговарач на ЕУ за Брегзит Мишел Барние го предупреди денеска Лондон дека располага со 13 седмици за постигнување договор.
Оружјето произведено во босанската фабрика БНТ-ТМиХ, кое е продадено на Саудиска Арабија, завршило во рацете на Исламска држава и Ал Каеда. Станува збор за 500 минофрлачи, објави британскиот весник „Индепендент“.
Најмалку 14 лица се повредени кога маж ги нападнал во автобус во германскиот град Либек, од кои две лица се со посериозни повреди.
Турција и Холандија се договорија да ги нормализираат односите, соопшти турското МНР. Одлуката е донесена во телефонски разговор меѓу турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и неговиот холандски колега Стеф Блок.