САД нема да учествуваат на самитот за иднината на Авганистан следниот месец во Москва, информира претставник на Стејт департментот.
Фејсбук идентификуваше и забрани стотици лажни профили, групи и страници што се вклучени во кампањата за координирано политичко влијание и имаат за цел влијание врз политика.
Централната банка на Венецуела вчера го објави новиот курс на валутата, според кој боливарот загубил дури 96 проценти од својата вредност во однос на доларот во рок од само еден ден.
Протестно движење почна во американските затвори и се очекува да трае до 9 септември, по повик на асоцијации што се борат за подобрување на условите на живот на затворениците и за „крај на ропството во затворите“, јавија американски медиуми.
Федерален суд во Њујорк му одреди кауција од 500.000 долари на Мајкл Коен, поранешниот адвокат на претседателот на САД Доналд Трамп, кој вчера се изјасни како виновен по осум обвиненија.
САД, Велика Британија и Франција ветија дека ќе преземат соодветни мерки доколку сириската влада изврши нов хемиски напад. Изјавата беше дадена по повод петтата годишнина од инвазијата со сарин во предградие на Дамаск, Гута, за што тие ги обвинија силите на претседателот Башар ал- Асад.
Американската администрација планира утре да ја претстави спогодбата со Мексико што беше постигната за измени во трговскиот договор НАФТА.
Земјотрес со интензитет 7,3 степени по Рихтер го погоди северниот брег на Венецуела, но засега нема извештаи за повредени или за евентуална штета, соопшти министерот за внатрешни работи на таа земја Нестор Реверол.
Поранешниот шеф на изборната кампања на претседателот на САД, Доналд Трамп, Пол Манафорт прогласен е за виновен по осум точки од обвинението за даночна и банкарска измама и непријавување банкарски сметки во странство. Поротата не успеа да постигне консензус за останатите 10 точки од обвинението.
Мајкл Коен, поранешниот личен адвокат на претседателот на САД Доналд Трамп, прифатил да се изјасни виновен пред судија во момент кога беше соочен со можноста да биде официјално обвинет за даночна и банкарска измама, јавија неколку американски медиуми.