Не стивнува гневот во Европската Унија по најавата на Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини врз увоз на алуминиум и челик од земјите членки на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.
Германија и Австрија воведоа зајакната контрола на меѓусебната граница, како една од мерките за борба против криминалот и илегалната миграција.
Кинеската групација ХНА, која е еден од најголемите инвеститори во германската Дојче Банк, оцени дека банката е стабилна и дека го поддржуваат актуелното раководство во нивните планови да обезбедат подобра финансиска иднина.
Од бегалците кои во Германија пристигнаа во изминатите години речиси секој четврти во меѓувреме нашол вработување, објави весникот Рајнише Пост.
Кина од 1 јули намалува увозни тарифи на речиси 1.500 производи за широка потрошувачка - од козметика до бела техника, за да поттикне увоз во рамките на напорите за отворање на сопствената економија.
Европскиот Парламент со големо мнозинство го изгласа извештајот за манипулација со бројачите на километри при продажбата на користени возила, со кој се предлагаат законски и други решенија за спречување на таа незаконска пракса.
САД и натаму ги поддржуваат актуелните преговори под водство на Обединетите нации за проблемот околу името на Македонија, соопштија од Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски јазик, нагласувајќи ја поддршката за решение на овој долгогодишен спор.
Одлуката на САД за воведување на царини за увоз на челик и алуминиум од ЕУ е незаконска и погрешна и може да ја „затвори вратата“ за други разговори, оцени денеска францускиот претседател Емануел Макрон.
- Движењето пет ѕвезди и Лигата постигнаа договор за формирање политичка влада на чело со Џузепе Конте како премиер, се наведува во заедничкото соопштение на лидерите на М5С и Лигата, Лујџи Ди Мајо и Матео Салвини.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека можеби ќе биде потребно да одржи повеќе од една средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, за да постигнат договор за денуклеаризација.