Вредноста на акциите на авиокомпанијата „Ер Франс-КЛМ“ денеска на Берзата во Париз забележа пад од 13 проценти, како резултат на најавата за оставка на нејзиниот директор Жан-Марк Жанејак.
Победата на Хезболах на парламентарните избори во Либан покаува дека таа држава не може да се разликува од шиитската група Хезболах, која ја поддржува Иран, изјави денеска израелскиот министер за образование Нафтали Бенет.
Истражување спроведено од италијански археолози покажува дека во гробницата на Тутанкамон нема тајни комори, изјави египетскиот министер за антиквитети Мустафа Вазири.
Кандидатката за директор на ЦИА, Џина Хаспел, која за таа функција ја номинираше американскиот претседател Доналд Трамп, сакала да ја повлече кандидатурата поради стравувањата за нејзината улога во програмата на агенцијата за распити, пишува „Вашингтон пост“.
Во текот на 2016 и 2017 година на јавни места во САД со огнено оружје се убиени 221 лице, се наведува во неодамна објавениот извештај на американското Федерално истражно биро (ФБИ).
По 18 години на власт, Владимир Путин денеска ќе положи свечена заклетва за четврт претседателски мандат, откако на изборите на 18 март убедливо победи, освојувајќи повеќе од 76 отсто од гласовите. Тој ќе остане во Кремљ до 2024 година, кога ќе има 72 години.
Потоци лава, растопена карпеста маса и отровни гасови од вулканот Килауеа уништија 31 куќа на островот Хаваи, соопштија локалните власти.
Пакистанскиот министер за внатрешни работи го преживеа денешниот нападот врз него, извршен за време на предизборен митинг во источниот град Наровал, јави ДПА.
Турција никогаш не се откажала од својата цел - приклучување кон Европската унија, изјави денеска турскиот претседател Реџеп тајип Ердоган по објавата на манифестот за изборите кои ќе се одржат следниот месец.
Рускиот опозициски водач Алексеј Навални денеска беше пуштен од притвор, по вчерашното апсење за време на протестот на неговото движење во Москва.