Чешка ќе повлече дипломат од амбасадата во Саудиска Арабија, како реакција на убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, изјави денеска чешкиот министер за надворешни работи Томас Петричек.
Гувернерот на американската држава Њујорк Ендрју Куомо изјави дека сомнително писмо со експлозивна направа било испратено во неговиот кабинет на Менхетн.
Властите нема да дозволи влез во Велика Британија на осомничените за смртта на саудискиот новинар Џамал Кашоги, изјави денеска британската премиерка Тереза Меј.
Саудиски претставнк тврди дека оригиналниот план бил да го убедат саудискиот новинар Џамал Кашоги да се врати во Саудиска Арабија.
Шпанските официјални лица денеска соопштија дека уапсиле најмалку 15 луѓе и заплениле повеќе од пет тони кокаин, сокриен во товар со банани
Одлуката без преседан на Европската Комисија да го отфрли нацрт-буџетот на италијанската влада може да тежи врз односите помеѓу Рим и Брисел, но ризикот од санкции не е голем.
Претседателот на Иран, Хасан Рохани денеска изјави дека Саудиска Арабија не би се осудила да го убие Џамал Кашоги во Конзулатот во Истанбул без да има поддршка од САД.
Во тек е евакуација на зградите на компанијата „Тајм Ворнер“ и на Си-Ен-Ен во центарот на Њујорк поради добиени сомнителни пакети со експлозивна направа, јавија американските медиуми.
Федералните власти ги испитуваат сомнителните пакети со експлозивни направи испратени до Белата куќа, до поранешниот претседател Барак Обама и поранешниот кандидат за претседател на демократите Хилари Клинтон, соопшти Тајната служба.
Две приказни на Ернест Хемингвеј напишани во 50-те години од минатиот век, првпат ќе бидат објавени следната година, соопшти управителот на Книжевната архива и оставина на Хемингвеј, Мајкл Катакис.