Портпаролот на израелската армија денеска изјави дека доколку се прошири насилството долж границата со Појасот Газа, Израел ќе ја прошири воената акција против милитантите.
Руските дипломатии кои Вашингтон ги прогласи за непожелни денеска ќе ги напуштат САД и ќе се вратат во Москва, изјави рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов.
Советот за безбедност на Обединети нации синоќа стави на црната листа 21 трговска компанија, 27 бродови и едно лице поради шверцување на нафта и јаглен во Северна Кореја.
Американскиот Стеjт департмент во изјава за МИА денеска укажа дека САД се горди што Македонија се приклучи на заедничката американско-европска акција против Русија за неодговорното однесување.
Во исто време портпаролката на Стејт департментот Хедер Нојер изјави дека протерувањето на американски дипломати е неоправдано и Вашингтон го задржува правото да преземе соодветни мерки.
Песков нагласи дека не се согласува со оцената на Администрацијата на САД дека одлуката на Русија за протерување на 60 американски дипломати укажува дека Москва не е заинтересирана за дипломатија.
Франција не планира да преземе нова воена операција во северна Сирија, која би била надвор од акциите на меѓународната антиџихадистичка коалиција, соопшти денеска Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон.
По претстојното целосно уништување на џихадистите од групата Исламска држава (ИД), САД за многу скоро време ќе се повлечат од Сирија, изјави синоќа американскиот претседател Доналд Трамп.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Москва ќе протера 60 американски дипломати и ќе го затвори американскиот Конзулат во Санкт Петербург.
Во Европска унија во 2016 година се родиле 5.148 милиони бебиња, повеќе отколку во 2015 година, кога имало 5.103 милиони новороденчиња. Жените, кои таа година родиле прво дете, имале во просек 29 години. Најмлади биле мајките од Бугарија, а најстари Италјанките, соопшти Евростат.