Владата на Австрија планира да забрани девојчињата од муслиманска вероисповест да носат марами во градинките и основните училишта, соопшти денеска австрискиот вицеканцелар и лидер на десничарската Партија на слободата, Хајнц-Кристијан Штрахе.
Поранешниот висок политичар на Европска унија, Оли Рен изјави дека ќе се кандидира за гувернер на Централната банка на Финска.
Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави денеска дека Исламска држава е поразена во Сирија, но и понатаму поседува деструктивен потенцијал и може да на ги напаѓа земјите во светот.
Американскиот претседател Доналд Трамп е под итрага на тимот на специјалниот обвинител Роберт Малер, но против него засега не се планира никаква обвинение, објави Вашингтон пост повикувајќи се на неименувани извори.
Шефот на полицијата во калифорнискиот град Сан Бруно прецизира дека бројот на ранети во нападот во седиштето на ЈуТјуб е тројца.
Полицијата во северна Калифорнија соопшти реагира на пријава за инцидент со вооружен напаѓач во седиштето на компанијата Јутјуб. Засега нема информации за мртви или повредени.
Пукотници се слушнале во близина на главниот објект на Јутјуб во Сан Бруно, Калифорнија, јавува БиБиСи.
Според истражувањето напревно во пресрет на парламентарните избори закажани за в недела, половина од Унгарците ќе гласаат за конзервативната полулистичка партија Фидес – Унгарска граѓанска алијанса на Орбан.
– Русија е подготвена и во иднина на српските партнери да им дава поддршка во одбрана на легитимните национални интереси по прашањето за Косово, пред се во меѓународните структури, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во писмото до српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.
Грушко: Со протерувањето руски дипломати НАТО си пукаше в нога По претерувањето на руските дипломати од Северноатлантскиот пакт, невозможно е да се свика состанок на Советот НАТО-Русија, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко.