Два дена откако беше одржан неуставниот референдум за независност во Каталонија, шпанскиот крал наведе дека каталонските лидери ги прекршиле законите на земјата и покажале „недозволиво отсуство на лојалност“.
Каталонците денеска стапуваат во генерален штрајк, кој ќе го блокира функционирањето на најголем дел од регионот кој бара независност, односно од одвојување од Шпанија, пренесува „Би-би-си“.
Јапонскиот производител на моторни возила „Тојота“ денеска ја затвора својата фабрика во Мелбурн, каде се произведуваа автомобили повеќе од 50 години, јави ДПА.
Белата куќа соопшти дека не е време за дијалог со Северна Кореја, потенцирајќи дека има разлика меѓу дијалог и вршење притисок.
Каталонската влада претходно соопшти дека 90,9 отсто од граѓаните излегле на референдумот за независност и се изјасниле дека се за независност на оваа област од Шпанија.
Најмалку 50 луѓе загинаа, а над двесте се повредени во нападот извршен денеска на музички фестивал во Лас Вегас, изјави шерифот на градот, Џозеф Ломбардо.
Полицијата во Лас Вегас соопшти дека во нападот за време на музички фестивал во градот се убиени неколкумина полицајци кои не биле на должност.
При напад со автоматско оружје на фестивал за кантри музика во Лас Вегас има најмалку 2 мртви и 24 повредени, според првичните информации кои што ги објавија американските медиуми.
Портпаролот на Влaдата, Жорди Турул изјави дека во референдумот учествувале 2,26 милиони луѓе и 2,02 милииона гласале за независност. На референдумското изјаснување учествувале околу 42,3 отсто од вкупно 5,43 милиони избирачи во Каталонија.
Претседателот на регионалната влада на Каталонија, Карлес Пуџдемон изјави дека со спроведениот референдум за независност, Каталонците „се избориле за правото на независна држава“.