Забележано е дека Северна Кореја транспортира меѓуконтинентална балистичка ракета кон западното крајбрежје, пишува јужнокорејскиот весник „Ејша бизнис дејли“, повикувајќи се на анонимен разузнавачки извор.
Кина ја предупреди Северна Кореја да не продолжува со своите планови за лансирање на уште една балистичка ракета, тврдејќи дека тоа ќе ги зголеми тензиите.
Тајванскиот премиер Лин Чуан денеска поднесе оставка од својата функција со цел на тој начин да ја оживее поддршката од јавноста кон Владата на претседателот Чаи Инг-вена.
Јужнокорејското Министерство за одбрана соопшти дека верува оти Северна Кореја се подготвува да лансира нова балистичка ракета.
САД ќе возвратат со воен одговор од големи размери на секоја закана кон нив или нивните сојузници, изјави денеска американскиот секретар за одбрана, Џим Матис по најсилната нуклеарна проба што Северна Кореја ја изврши досега.
Армијата на Јужна Кореја со тестирање на балистички ракети синоќа одговори на воените провокации од страна на Северна Кореја, која минатата недела лансираше ракета која прелета преку јапонска територија и се урна во Тихиот Океан.
Американскиот претседател Доналд Трамп напиша на Твитер дека САД разгледуваат прекин на сите трговски односи со држави кои имаат бизниси со Северна Кореја.
Германскиот канцелар Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон денеска побараа поостри санкции од ЕУ за Северна Кореја нагласувајќи дека Пјонгјанг „достигнал нова димензија за провокации“ со нуклеарната проба.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нуклеарната проба на Северна Кореја е „непријателска и опасна“ за САД.
Хидрогенската бомба што денеска ја тестираше Северна Кореја е петпати помоќна од онаа фрлена врз Нагасаки на 9 август 1945 година кога загинаа 74.000 луѓе, објави Би-Би-Си.