Централниот дефанзивец на Челси, Антонио Рудигер е се поблизу до напуштање на клубот, откако Френк Лампард не го вклучи Германецот во групата на „сините“ по втор пат по ред.
Правилото за петте замени, кое беше воведено на крајот на минатата сезона поради ефектите врз играчите од страна на пандемијата, ќе се задржи на натпреварите од Лигата на шампионите и Лигата на Европа оваа сезона.
Екипата на Каменица Саса денеска го приреди најголемото изненадување во 1/16-финалето од фудбалскиот Куп на Македонија, откако го совлада фаворитот Борец по пенали.
Селекторот на Женската сениорска репрезентација на Македонија, Симе Симовски, објави список од 18 ракометарки повикани на собир за време на ЕХФ неделата во период од 28 септември до четврти октомври.
Вкупно 16 ракометари се заразени со ковид-19 во редовите на Работнички.
Натпреварот од 6 коло во А групата од ЕХФ лигата на шампионите против ПСЖ ќе се игра на 28 октомври 2020 година, во среда со почеток во 20,45 часот. На тој меч Вардар 1961 ќе гостува во Париз, соопштија од клубот.
Бекот на Денвер, Џамал Мареј продолжува да настапува на исклучително високо ниво во плејофот во НБА. 23-годишниот кошаркар постигна „дабл-дабл“ од 28 поени и 12 асистенции во победата на Нагетс над Лејкерс од 114:106 за да му помогне на неговиот тим да ја намали разликата на 1-2 во победи.
Новиот напаѓач на Челси, Тимо Вернер призна дека во еден момент имал сериозни сомнежи дали треба да ја прифати понудата на „сините“.
Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо изјави дека играчот за врска Деле Али се враќа во групата на тимот за гостување кај Шкендија од третото квалификациско коло во Лигата на Европа.
Од денес, младиот талент на Барселона, Ансу Фати официјално е дел од првиот тим, со кој неговата откупна клаузула автоматски скока од 170 милиони евра на 400 милиони.