Белгиецот Јаник Караско се врати во Атлетико Мадрид. Обновената соработка со поранешниот член ја потврдија и од клубот од „Ванда Метрополитано“.
Португалецот Седрик Соареш до крајот на сезоната ќе настапува како позајмен фудбалер во Арсенал. Соареш е член на Саутемптон од 2015 година по трансферот од Спортинг Лисабон и од тогаш одигра 138 меча за „светците“ од „Сент Мери“ и постигна три гола.
Сампдорија потврди дека го позајмува Мајо Јошида од Саутемптон.
„Стејплс Центар“ е пред емотивна вечер. Лос Анџелес Лејкерс на посебен начин ќе оддадат почит на неодамна загинатиот Коби Брајант со подарок маичка со легендарниот кошаркар за секој навивач во салата.
Барселона потврди дека е постигнат договор со Палмеираш за Матеус Фернандеш. Централниот играч за врска ќе се пресели на „Камп Ноу“ на 1 јули оваа година, според трансферот вреден седум милиони евра плус уште три милиони од евентуални бонуси.
Управниот одбор на кошаркарската Евролига донесе одлука за времена забрана на трансфери во Олимпијакос. Ова доаѓа како последица на предупредувањето што раководството на „црвено-белите“ од Пиреја го добија пред неколку месеци за доцнење на исплатата на играчите.
Барселона – Атлетик Б. ќе биде дерби на четвртфиналната рунда во шпанскиот фудбалски куп. Мечот е закажан за наредната недела на стадионот „Сан Мамеш“ во Билбао.
Германскиот тенисер Александар Зверев ќе донира 50.000 долари за жртвите од пожарите во Австралија.
Едноминутен молк, многу солзи и тага и громогласен аплауз. Вака почна, се одвиваше и заврши Комеморативната седница во чест на македонската кошаркарска легенда Благоја Георгиевски-Буштур.
Херта (Берлин) потврди денес две зделки – една влезна и една излезна. „Старата дама“ се засили со Матеус Куња од РБ (Лајпциг), а во исто време се раздели со Дејви Зелке, кој се враќа во Вердер (Бремен).