Мирко Лазаревски го заврши супер-велеслаломот на Зимските младински олимписки игри во Лозана на претпоследното 56. место.
Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо се шегува дека веројатно само две лица веруваат дека Спарси можат да го совладаат лидерот на Ливерпул во утрешното дерби меѓу двете екипи.
Тренерот на Милан, Стефано Пиоли не сака да остане без неговиот напаѓач Кшиштоф Пјатек. Според „Сан“, полскиот напаѓач ќе се пресели во Тотенхем, договорот е сигурен и ќе биде факт за денови. Сепак, тренерот на Италијанците не е задоволен од ваквиот развој на настаните.
Денес „Газета дело Спорт“ излезе со информација, дека се подготвува размена според која Рома ќе го привлечат крилото на Милан, Сусо и да го испратат својот играч Џенгиз Ендер во спротивна насока.
Шпанија е последниот полуфиналист на АТП Купот. Во решавачкиот дуел во парови, Пабло Карењо Буста и Рафаел Надал го победија тандемот од Белгија – Сандер Жил и Јоран Влиген со 6:7 (7), 7:5, 10:7 по нешто повеќе од два часа игра.
Десниот бек на Ливерпул, Трент Александар-Арнолд, ја освои наградата играч на месецот на Премиер лигата за декември. Тоа е прва ваква награда за англискиот репрезентативец, кој постигна гол, три асистенции и неговиот тим забележа три чисти мрежи на пет натпревари во Премиер лигата во декември. Александар-Арнолд, исто така, му помогна на тимот од Мерсисајд да го освои својот прв трофеј во Светското клупско првенство.
Ракометната репрезентација на Австрија поради повреда загуби еден од своите најважните ракометари, Александар Херман, кој го пропушта турнирот.
Некако оваа година ни оди во последните секунди, беа првите зборови на капитенот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров по победата вечерва од 26-25 над Украина.
Во одбраната бевме малку кршливи откако Украинците ни поминуваа лесно. Сепак момците изгинаа на терен и им честитам на сите. Лазаров е голем играч, нема што да се каже друго, изјави Брестовац по победата над Украина.
На две секунди до крајот, Кире Лазаров со фантистичен шут од девет метри и ја донесе првата победа на Македонската ракометна репрезентација на Европското првенство.