Мајкл Џордан останува најголемиот кошаркар на сите времиња, барем според легендата Меџик Џонсон.
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд остана крајно горд на можноста да биде капитен на „црвените ѓаволи“, но беше разочаран од тешкиот пораз со 1:3 од Сити на „Олд Трафорд“ во првиот полуфинален судир за Лига купот.
Поранешниот менаџер на Арсенал, Унаи Емери го повика Нејмар да се врати во Шпанија. Менторот работеше со бразилската sвезда во својата прва сезона во Пари Сен Жермен.
Македонскиот младински репрезентативец Дарко Чурлинов денеска и официјално потпиша договор со Штутгарт.
Поранешниот репрезентативец на Англија, Гери Линекер се подигра со Манчестер Јунајтед по поразот од 1-3 од Манчестер Сити во првиот натпревар од полуфиналето за Карабао Купот, одигран на „Олд Трафорд“.
Одделот за авијација на Хонда – „Хонда џет“ – им помогнал на своите колеги од Ф1 да решат сериозен проблем со сигурноста. Нивната заедничка работа започнала по низата проблеми со автомобилите што доведоа до пропаѓање на партнерството меѓу јапонската компанија и Мекларен во 2017 година.
Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин де Бруин откри дека на него и соиграчите им биле потребни само 15 минути за да го направат својот план за игра вчера во дербито на Манчестер Јунајтед, кое го добија „небесносините“ со 3: 1.
Критикуван поради неговата пасивност на пазарот, Манчестер Јунајтед размислува за понуда за Дони ван де Бик од Ајакс, пренесува „ЕСПН“. Според информациите, Оле Гунар Солскјер смета дека 22-годишниот играч може да биде решение за многу од проблемите во средниот ред.
Непосредно пред Божиќ, Ферари го објави новиот договор на нивната млада надеж, Шарл Леклер, со кој тие се обврзаа до 2024 година. Во исто време, газдите на „Скудерија“ не брзаат да го објават својот пилотски состав за 2021 година, кога доаѓаат големи измени во правилата на Формула 1, изјави тимскиот шеф Матијас Биното, додавајќи дека Фетел е пилот на Ферари и нема потреба од таа да се брза со одлуката за неговата иднина.
По одигрувањето на последните натпревари од групната фаза од АТП Купот, станаа јасни имињата на сите осум четвртфиналисти, откако екипите на Белгија и Канада продолжуваат напред како најдобрите екипи, кои завршиле на второто место во шесте групи.