Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино го утврди утрешниот прв четвртфинален судир од Лигата на Шампионите против Манчестер Сити како еден од најголемите во неговата досегашна кариера
Шест круга остануваат до крајот на сезоната во англиската Премиер лига. Ливерпул е на врвот на табелата со 82 поени, 2 пред Манчестер Сити (80 поени). „Граѓаните“ сепак се со натпревар помалку, откако изминатиов викенд беа ангажирани во ФА Купот (поеда над Брајтонсо 1:0)
Поранешниот напаѓач на Интер, Антонио Касано, сериозно го критикуваше Мауро Икарди во студиото на „Тики Така“.
Раководството на Евролигата постигна договор со Унијата професионални кошаркари за календарот во натпреварувачката сезона 2019/20.
Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, по синоќешниот нерешен резултат со Џенова (1:1) во рамките на 31. коло од Италијанскиот фудбалски шампионат рече дека е време неговите избраници да се разбудат.
Екипата на Блокотехна од Гевгелија е нов шампион во регионалната кошаркарска Балканска лига – БИБЛ. Македонскиот претставник во финалето вчеравечер во Тирана, Албанија беше поуспешен од домаќинот на завршниот Ф4 турнир Теута со 82:68.
На 27. Медитеранско првенство во карате за кадети, јуниори и постари јуниори У21 викендот во Анталија, Турција, Фахик Весели освои злато во категоријата У21 до 67 кг, додека кадетот Бојан Костов во категоријата до 52 кг освои бронзен медал.
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев одигра шеесетина минути синоќа против Наполи и има голема заслуга за подвигот на Џенова која остана непоразена и покрај тоа што еден час играше со фудбалер помалку.
Американката Медисон Киз, е победничка на турнирот во Чарлстон, САД, откако вечерва во финалето ја совлада Каролина Вознијацки со 2-0, по сетови 7:6 и 6:3.
Екипата на Мајами хит вечерва во драматичен финиш загуби од Торонто Репторс со 117:109 и шансите за пласман во плејофот од НБА-лигата ги сведе на теорија.