Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез ќе ги пропушти двете контролни на Уругвај против Перу на 12 и 15 октомври.

Суарез има мала повреда и ќе остане во Барселона да се подготвува по индивидуална програма во базата на клубот.

Одлуката била усогласена помеѓу медицинските екипи на каталонскиот клуб и репрезентацијата на Уругвај.

Луис Суарез беше херојот за Барселона оваа недела на натпреварот во Лигата на шампионите против Интер, постигнувајќи ги двата гола во победата од 2-1.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/10/2019 15:16