Вирџил ван Дијк ја освои наградата за најдобар дефанзивец за сезоната 2018/2019 на наградите „The Best“ на УЕФА.
Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер е избран за бр.1 на наградите „The Best“ на УЕФА.
Формула 1 ќе има 22 трки следната сезона, потврди календарот, кој официјално беше објавен од шефовите од „Либерти Медија“.
Шефовите на Пари Сен Жермен и Барселона се договорија за трансферот на Нејмар, тврди „Скај Италија“. Договорот ги вклучува Иван Ракитиќ и Жан-Клер Тодибо, како и мултимилионски износ, што не е споменат. Преговорите продолжуваат,со цел да се разјаснат деталите на договорот.
Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди фаворитите за освојувањето на второто по сила натпреварување во Европа – ЕХФ купот, а Металург се најде меѓу нив.
Јирген Клоп очекува тешка борба на Ливерпул во обидот тимот даја одбрани титулата во Лигата на шампионите. Германецот ќе г дознае денес во 18 часот по македонско време неговите ривали во групната фаза, но какви и да се, тој е сигурен дека ќе биде исклучително тешко и шансите се рамномерни.
Усман Дембеле нема да оди никаде и ќе остане во Барселона, изјави неговиот менаџер Муса Сисоко за „Телефут“.
Мерцедес и официјално откри дека Валтери Ботас ќе остане тимски колега на Луис Хамилтон и во сезоната 2020/2021 во Формула 1. Според Тото Волф, главна конкуренција на Ботас за неговото место беше резервниот пилот на Мерцедес, Естебан Окон, за кој се шпекулира дека ќе се пресели во Рено.
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски денеска го објави списокот со играчи за претстојните два натпревара во квалификациите за ЕУРО 2020. Ангеловски повика 23 фудбалери за средбите со Израел (5 септември) и Летонија (9 септември)
Резервниот пилот на Алфа Ромео, Маркус Ериксон пристигна во Спа, наместо да се упати кон Портланд за следната рунда од Индикар серијата