Усман Дембеле нема да оди никаде и ќе остане во Барселона, изјави неговиот менаџер Муса Сисоко за „Телефут“.

– Тој останува 100% во Барса. Тој нема шанси да замине. Тој сака да остане и да победува со Барса, рече Сисоко.

Ова значи дека понудата на Каталонците од 150 милиони плус Дембеле за Нејмар нема шанси да се реализира.

Шпанскиот шампион ќе мора да дејствува брзо ако сака да го врати Бразилецот на „Камп Ноу“, бидејќи трансфер прозорецот се затвора на 2 септември.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/08/2019 21:39