Манчестер сити го победи Ливерпул со 2:1 во дербито на 21. коло од фудбалскиот шампионатот во Англија. За тренерот на Сити, Јозеп Гвардиола, оваа победа беше јубилејна 100-та со клубот на официјални натпревари.
Фантастичниот Џејмс Харден го предводеше Хјустон до голема победа на гостувањето кај актуелниот НБА шампион Голден Стејт. „Брадата“ натпреварот го заврши со 44 поени, 10 скока и 15 асистенции.
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, по синоќешниот пораз од Манчестер Сити (2:1) во натпреварот од 21. коло на англиското првенство, рече дека средбата е најтешка за неговиот тим оваа сезона.
Голманот на Реал Мадрид, Кејлор Навас стави крај на гласините поврзани за неговата иднина со друг тим. Тој потпиша продолжување на договорот за уште една година и ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ до 2021 година, пренесе „Марка“.
Тешки обвиненија кон шампионот на Италија, Јувентус упати новиот генерален директор на италијанската јавна телевизија „РАИ 2“ – Карло Фрекеро. Според него, раководството на „старата дама“ маниулира со системот за видео-арбитража (ВАР), пренесе „Фудбал Италија“.
Напаѓачот Џермејн Дефо стана првото зимско засилување на шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс. Поранешниот англиски репрезентативец ќе ги помине следните 18 месеци на „Ајброкс“ како позајмен од Борнемут.
Играчите на Мемфис Гризли се степале меѓусебно откако Детроит Пистонс ги победи со 94:101, објавија медиумите во САД.
Хрватот Иво Карловиќ повторно го впиша своето име во историјата. Денес 211 сантиметри високиот тенисер, кој на 28 февруари ќе наполни 40 години, стана најстариот полуфиналист во турнир од ATП од 1993, кога американската легенда Џими Конорс, стигнува до оваа фаза на турнирот во Сан Франциско.
Пол Погба е фудбалерот на Манчестер Јунајтед, кој може да го промени развојот на секој натпревар во корист на рекордерот по титули во Англија, изјави полудефанзивецот Андер Ерера.
Роџер Федерер го победи младиот грчки талент Стефанос Циципас и така обезбеди за Швајцарија место во финалето на „Хопман купот“ во австралискиот град Перт. 37-годишниот Федерер го победи 20-годишниот Циципас со 7:6 (5), 7:6 (4) за час и 37 минути игра.