Домаќинот на фудбалскиот Куп на Америка, репрезентацијата на Бразил, како и Венецуела изборија пласман во четвртфиналето по синоќешните победи во третото, последно коло во групната фаза.
Бразил во Сао Пауло ја совлада селекцијата на Перу со 5:0. Стрелци на головите беа Каземиро, Фирмино, Евертон, Дани Алвес и Вилијан.
На средбата во Бело Хоризонте, Венецуела славеше триумф над Боливија со 3:1. Мачис двапати и Мартинез еднаш ја погодија мрежата на Боливија која постигна гол преку Јустинијано.
Конечен изглед на табелата во А-групата: 1. Бразил 7 бода 2., Венецуела 5 3. Перу 4 4. Боливија 0.
Вечер се играат дуелите од последното коло во Б-групата. Двојките се: Катар – Аргентина и Колумбија – Парагвај.