Во истражувањето спроведено од „Мундо Депортиво“ мнозинство членови на фудбалскиот клуб Барселона. се изјаснија дека тренерот Ернесто Валверде треба да остане во тимот.
Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо во скоро време нема да биде сменет.
Пилотот на Ферари, Себастијан Ветел, смета дека следната сезона треба да добие болид со подобри перформанси за да може да им парира на возачите на Мерцедес.
Дефанзивецот на Штутгарт, Бенжамен Павар ги демантираше информациите за преддоговор со Баерн Минхен.
УЕФА ги осуди расистичките навреди на навивачите на Интер против дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали за време на натпреварот на 18-тото коло на Серија „А“. На крајот на средбата, 27-годишниот Сенегалец доби два жолти картони за една минута и беше избркан.
Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри, ги негираше сите информации што го поврзаа со напуштање на „старата дама“. Неговото име беше поврзано со менаџерската позиција во Манчестер Јунајтед, како и за таа во Реал Мадрид. Но, тој нема намера да се сели од Торино.
Шефот на Мекларен, Зек Браун, смета дека тимот е на пат да се искачи кон челото на колоната. Тимот од Вокинг заврши на шестото место во пласманот кај конструкторите, но не го постигна очекуваниот успех по преселувањето од Хонда на Рено.
Фотографија на француската легенда Зинедин Зидан во „Инстаграм“ предизвика силни реакции на социјалните мрежи. Тој се појави во кадар со својот поранешен соиграч во репрезентацијата на „петлите“, Микаел Силвестер, откако двајцата одмараат во Абу Даби.
Петра Влхова (Словачка) ја постигна првата победа во кариерата во велеслалом кај жените, откако триумфираше во трката од Светскиот куп во австрискиот центар Земеринг.
Поранешниот светски лидер на АТП листата, Рафаел Надал, по долго отсуство, се врати на теренот со пораз. Шпанецот загуби од Кевин Андерсон (Јужна Африка) на егзибицискиот турнир во Абу Даби.