Паоло Фонсека од денес и официјално е назначен за нов тренер на Рома. Ова го соопшти италијанксиот фудбалски прволигаш кој има амбиции следната сезона да се бори за висок пласман во Серија А.
Сакам да му се заблагодарам на раководството на клубот за дадената можност да ја предводам Рома. Јас сум ентузијаст и сум мотивиран од предизвиците што нè очекуваат. Со нетрпение чекам да се преселам во Рим, да се сретнам со нашите навивачи и да започнеме со работа. Верувам дека заедно можеме да создадеме нешто посебно, изјави Фонсека. Тој се обврза на двегодишна работа со „римската волчица“.
Четириесет и шест годишниот Фонсека како тренер работи од 2005 година, а од познатите екипи ги предводеше Порто, Брага и Шахтјор.