Во седиштето на УЕФА денес беше извршено извлекување на двојките за мини-турнирот во Приштина преку кој ќе биде одреден еден патник за првото квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Како што објави УЕФА, во полуфиналето ќе играат:

Фероникели (Косово) – Линколн Ред ИМПС (Гибралтар) и Тре Пене (Сан Марино) – Санта Колома (Андора).

Полуфиналињата се закажани за 25 јуни, додека финалето ќе се игра на 28 јуни.

Сите натпревари ќе се одржат во главниот град на Косово на стадионот „Фадил Вокри“.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/06/2019 18:31