Поголемиот дел од играчите на Бундеслигата се категорични дека Јирген Клоп и Лионел Меси се големите херои од минатата сезона.

„Кикер“ спроведе анкета помеѓу 250 играчи од германската елита, кои одговораа на неколку прашања. Во анкетата за тренер на сезоната, менаџерот на Ливерпул собра 66,0 отсто. Неговиот главен ривал во сезоната, Пеп Гвардиола од Манчестер Сити е втор со само 18,4 отсто.

Меѓу играчите, Лео Меси е уште поубедлив – 68,8 отсто од гласовите. Кристијано Роналдо е далеку втор со 12.4 отсто. Мохамед Салах од Ливерпул е со 4,8 отсто – нешто повеќе од Килијан Мбапе (4,4 отсто).

Сите победници во анкетата:

Најдобар играч во светот: Лионел Меси (Барселона) – 68,8 отсто

Најдобар тренер во светот: Јирген Клоп (Ливерпул) – 66,0 отсто

Најдобар тренер во Бундеслигата: Адолф Хутер (Ајнтрахт) – 40,4 отсто

Фудбалер со најголем подем во Бундеслигата: Џејдан Санчо (Борусија Дортмунд) – 30,4 отсто

Фудбалер со најголем пад во Бундеслигата: Џером Боатенг (Баерн) – 17,6 отсто

Најдобар теренски играч во Бундеслигата: Кеј Хаверц (Леверкузен) – 20,8 отсто

Најдобар голман во Бундеслигата: Питер Гулачи (Р.Б. Лајпциг) – 25.6 отсто

Стадион со најдобра атмосфера во Бундеслигата: Сигнал Идуна Парк (Дортмунд) – 35.2 отсто

Дали се смени нивото на Бундеслигата во минатата сезона: Остана исто – 42,8 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/06/2019 19:02