Системот за видеоповторување, популарен како ВАР, ќе биде воведен во Премиер лигата на Англија од следната сезона.
Првиот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, изјави дека нема ништо против припадниците на ЛГБТ популацијата во светот на тенисот, истакнувајќи оти нивното признавање е храбар потег.
Напаѓачот на Челзи, Алваро Мората, кој постигна четири гола во Премиер лигата од почетокот на октомври, откри дека си ја вратил формата благодарение на професионалната помош од психолог.
Осумкратниот олимписки шампион и светски рекордер во спринт на 100 и на 200 метри, Усаин Болт откри дека до крајот на овој месец ќе одлучи дали ќе се приклучи на некој фудбалски тим или ќе се откаже од намерата за кариера во овој спорт.
Баерн Минхен веќе има принципиелен договор со Арон Ремзи и тој ќе се приклучи на клубот како слободен играч во текот на летото, објавија „Спокс“ и „Гол Германија“.
Кристијано Роналдо ја побарал за жена Георгина Родригез, објави „Мирор“. Девојката на светската фудбалска ѕвезда рекла „да“.
Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ синоќа во „О2“ арената во Лондон го победи Американецот Џон Изнер и ги задржа шансите за пласман во полуфиналето.
Фудбалерот на Баерн Минхен, Френк Рибери се извини за инцидентот со новинарот Патрик Гију.
Напаѓачот на Монако, Жорди Мбула нема да може да му помогне на тимот во следните неколку натпревари.
Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Ѓорѓи Кочов во пресрет на вечерашниот дуел со Динамик во АБА 2 лигата, очекува победа по која сино-белите ќе останат при самиот врв од табелата во регионалното натпреварување.