По 17 пропуштени натпревари поради повреда на препоните, Леброн Џејмс се врати на теренот и беше еден од најзаслужните за триумфот на Лос Анџелес лејкерс во дуелот со градскиот ривал Клиперс.
Футсал репрезентацијата на Македонија вечерва во „Јане Сандански“ ја совладаа селекцијата на Грција со 5:3 (3:0) во првиот дуел од претквалификациите за пласман во елитната рунда квалификации за СП.
Шпанскиот фудбалски шампион Барселона постигна договор со Атлетик Минеира за трансферот на Емерсон де Соуза, објави прес-службата на каталонскиот тим.
Премиерлигашот Њукасл го објави трансферот на играчот од средниот ред Мигел Алмир од американската Атланта за 21 милион фунти, што е нов клупски рекорд. Договорот со 24-годишниот Парагваец е со важност до јуни 2024 година.
Тренерот на Рома, Еузебио Ди Франческо, ќе ја задржи функцијата, барем до дуелот со Милан, објавија италијанските медиуми.
Тренерот на Нант, Вахид Халилхоџиќ рече дека неговиот тим имаше тежок натпревар во Француското првенство вчеравечер со Сент-Етјен (1: 1). Според него, беше тешко да се игра по исчезнувањето на напаѓачот Емилијано Сала, чиј авион се изгуби од радарот над Ла Манш на 21 јануари.
Швајцарецот Рамон Вега ќе биде противкандидат на првиот човек на Светската фудбалска федерација (ФИФА) Џани Инфантино на следните избори.
Пилот на Формула 1 тимот Вилијамс, Роберт Кубица верува дека луѓето задоклжени за болидите ќе учат од грешките од минатата сезона.
Трансферот на полудефанзивецот на Пари Сен Жермен, Адријан Рабио во Барселона може и да не се случи, објави „Ел Мундо Депортиво“. Според изданието, фудбалерот ги откажал преговорите со каталонскиот клуб откако го привлекле на „Камп Ноу“ играчот од средниот ред на Ајакс, Френки де Јонг. Рабио го мотивираше прекинот на преговорите со проблеми во семејството.