Шпанскиот фудбалски шампион Барселона постигна договор со Атлетик Минеира за трансферот на Емерсон де Соуза, објави прес-службата на каталонскиот тим.

Трансферот на играчот ќе се случи на 1 јули оваа година.

Бразилскиот клуб ќе добие 12 милиони евра. Фудбалерот ќе го потпише договорот со важност до летото 2024 година.

Дваесет годишниот Емерсон е роден во Сао Паоло, играше и за Понте Прета.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/02/2019 00:23