Времето на Ентони Дејвис како кошаркар на Њу Орлеанс официјално е при крај. Неговиот агент, Рич Пол го известил раководството на клубот дека Дејвис нема намера да го продолжи договорот со Пеликанс и официјално сака да јапродолжи кариерата на друго место, соопштува „ЕСПН“. Според Пол, желбата на тешкото крило е да се најде во тим кој му дава шанса да победува и да се бори за титулата.
Раководството на Интер влезе во преговори со претставниците на моментално невработениот Антонио Конте. „Нероазурите“ се потпираат на фактот дека присуството на извршниот директор Џузепе Марота – со кого Конте соработуваше успешно во Јувентус – ќе го убеди експертот да ја прифати функцијата.
Откако го освои Отвореното првенство на Австралија по седми пат во својата кариера и стигна до 15-тата Гренд-слем тиутла, најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ посведочи за амбиции да стане број 1 по овој показател.
Италијанскиот шампион Јувентус доби непријатни вести за повредата на Леонардо Бонучи.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер даде традиционалната пресконференција пред средбата со Барнли од 24-тиот круг на Премиер лигата.
Шефицата на одделот за Блискиот Исток во Службата за надворешна акција на Европска унија, Ерика Ферер, оцени дека не е време за нормализација на односите меѓу ЕУ и режимот во Сирија.
Фернандо Алонсо триумфираше во „24 часа на Дејтона“ со својот тим „Вејн Тејлор Рејсинг“ и колегите Камуи Кобајаши, Џордан Тејлор и Ренгер ван дер Занде со „Кадилак“. Тоа беше првиот голем успех за Алонсо откако ја напушти Формула 1 на крајот на сезоната 2018.
Францускиот напаѓач Оливие Жиру навести дека може да го напушти клубот. Веќе неколку дена во тимот тренира Гонзало Игуаин, кој игра на истата позиција, како и тој.
Приказната за исчезнувањето на аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала може револуционерно да го промени фудбалот. Напаѓачот премина од француски Нант во Кардиф, но авионот, со кој замина кон новиот клуб, исчезна. Играчот сè уште не е пронајден, иако властите го пребаруваа регионот каде авионот за последен пат бил фатен на радар, а веќе е лансирана и приватна потрага по Аргентинецот.
Крилото на Интер, Иван Перишиќ веќе ги прецизирал сите лични услови во договорот со Арсенал. Сега останува двата клуба да стигнат до консензус, објави италијански „Либеро“.