Италијанскиот шампион Јувентус доби непријатни вести за повредата на Леонардо Бонучи.

Дефанзивецот беше заменет уште во првото полувреме при победата со 2:1 над Лацио на „Олимпико“. Повредата му е во глуждот и според „Телеломбардија“ тој ќе бида аут еден месец.

Тоа значи дека Бонучи го пропушта гостувањето на Атлетико Мадрид во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампиони. Судирот на „Ванда Метрополитано“ ќе се одржи на 20 февруари, Реваншот во Торино е на 12 март, за кога дефанзивецот би требало да е подготвен.

Бонучи ќе ги пропушти уште гостувањето на Аталанта за Купот на Италија, како и натпреварите од Серија „А“ со Парма (дома), Сасуоло (гости), Фросиноне (дома) и Болоња (гости). Тој може да е подготвен за дербито со Наполи на „Сан Паоло“ на 3 март.

Се очекува денеска со Јуве да потпише Мартин Касерес кој ќе даде дополнителни опции на Макс Алегри. Во центарот на одбраната, тој располага уште со Џорџо Киелини, Даниеле Ругани и Андреа Барзали, кој исто така е со повреда.

Во амбулантата на „бјанконерите“ се наоѓаат и Сами Кедира, Миралем Пјаниќ, Хуан Кудрадо и Марио Манџукиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/01/2019 13:53