Напаѓачот Џермејн Дефо стана првото зимско засилување на шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс. Поранешниот англиски репрезентативец ќе ги помине следните 18 месеци на „Ајброкс“ како позајмен од Борнемут.
Играчите на Мемфис Гризли се степале меѓусебно откако Детроит Пистонс ги победи со 94:101, објавија медиумите во САД.
Хрватот Иво Карловиќ повторно го впиша своето име во историјата. Денес 211 сантиметри високиот тенисер, кој на 28 февруари ќе наполни 40 години, стана најстариот полуфиналист во турнир од ATП од 1993, кога американската легенда Џими Конорс, стигнува до оваа фаза на турнирот во Сан Франциско.
Пол Погба е фудбалерот на Манчестер Јунајтед, кој може да го промени развојот на секој натпревар во корист на рекордерот по титули во Англија, изјави полудефанзивецот Андер Ерера.
Роџер Федерер го победи младиот грчки талент Стефанос Циципас и така обезбеди за Швајцарија место во финалето на „Хопман купот“ во австралискиот град Перт. 37-годишниот Федерер го победи 20-годишниот Циципас со 7:6 (5), 7:6 (4) за час и 37 минути игра.
Селекторот Раул Гонзалез на денешната промоција на новите дресови на ракометната репрезентација на Македонија, изрази задоволство од досегашниот тек на подготовките на тимот за СП 2019, а на претстојните пријателски средби со Србија ќе се оформи сликата за можностите на „црвено-жолтиот“ тим.
Денеска во спортската арена „Филип Втори“ беа промовирани новите дресови на македонската ракометна репрезентација. Промоцијата е одржана под мотото „Со нов дрес до нови победи“, а со овие дресови „жолто-црвените“ ќе настапат на претстојното Свестко првенство, кое на програмата стартува од 10 јануари во Германија и Данска.
Манчестер Сити навистина може да биде исфрлен од европските турнири. Ова го откри човекот, од кого зависи стриктното следење на правилата за финансискиот ферплеј на УЕФА – Ив Летерм, кој е поранешен премиер на Белгија, а сега ја исполнува улогата на претседател и главен истражен контролен орган за набљудување на финансиските одредби на Европската фудбалска централа.
Крег Белами, тренер на тимот до 18 години во академијата на Кардиф Сити, ја напушти функцијата поради обвинение дека малтретиран млад фудбалер. Поранешниот велшки репрезентативец ги негираше обвинувањата, но нема да работи повеќе во клубот.
Роналдињо ги маѓепсуваше сите со насмевката и детскиот ентузијазам, додека твореше со топка во нозе, обезбедувајќи си место во историјата како еден од најхаризматичните фудбалери кој стапнал некогаш на теренот.