Манчестер Сити навистина може да биде исфрлен од европските турнири. Ова го откри човекот, од кого зависи стриктното следење на правилата за финансискиот ферплеј на УЕФА – Ив Летерм, кој е поранешен премиер на Белгија, а сега ја исполнува улогата на претседател и главен истражен контролен орган за набљудување на финансиските одредби на Европската фудбалска централа.

Летерм најави дека ако навистина се докаже дека шефовите на Сити ги заобиколиле правилата на УЕФА, исфрлање од евротурнирите ќе е сосема очекувана мерка и ќе биде применета со целата строгост кон англискиот клуб.

– Ако напишаното за Сити се покаже вистината, сигурно ќе биде огромен проблем за клубот. И тоа ќе доведе до најтешката мерка спрема него – исфрлање од Европа. Слично обвинение противречи на нашето начело за коректно претставување на финансиските операции на клубот. Работиме како со надворешни проценители, така и со внатрешни, за да бидеме колку што е можно поточни, рече Летерм.

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин веќе објави дека се води проверка на информациите од „Фудбал ликс“ за финансиски измами со спонзрските договори и таа треба да заврши во брз рок. После тоа, ќе биде јасно дали Манчестер Сити ќе биде исфрлен од Европа.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/01/2019 18:32