Челзи е подготвен да го продолжи договорот со играчот од средниот ред, Н’Голо Канте, објави „Скај Спортс“.
Германскиот шампион Баерн Минхен се пофали со рекордна заработувачка за сезоната 2017/2018 во износ од 624,3 милиони евра.
Времениот селектор на Аргентина, Лионел Скалони изјави дека неговата најголема болка во периодот на чело на тимот била дека не можел да ja тренира суперѕвездата Лионел Меси.
Обвинител во Грција започна истрага откако спортски коментатор го нарече црномурестиот кошаркар Танасис Адетокумбо „мајмун“. Такис Цукалас го направил овој коментар на 9 ноември, откако тимот на Андетокунбо – Панатинаикос го победи Олимпијакос со 93:80 во Евролигата.
Шампионот во Формула 3, Мик Шумахер ќе учествува во „Трката на шампионите“, која ќе се одржи во јануари 2019 година. Шумахер ќе биде во тандем со Себастијан Фетел за „Купот на нациите“, претставувајќи ја Германија.
Шведската фудбалска ѕвезда Златан Ибрахимовиќ се согласи да се врати во италијанскиот гигант Милан, објавија медиумите во Италија.
Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Јорданчо Давитков, го објави скратениот список на кошаркари повикани за репрезентативните активности кои претстојат кон крајот на месецов.
Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели го дистанцираше клубот од идејата за создавање на нова европска суперлига.
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, смета дека проектот на најголемите фудбалски клубови од Европа наречен Суперлига нема да успее.
Светската атлетска федерација (ИААФ) ги објави имињата на пет кандидати номинирани за наградата најдобар атлетичар на 2018 година.