Британската сноубордерка Ели Саутер почина на својот 18-ти роденден, а причината за нејзината смрт се уште не е позната. Таа беше една од најголемите таленти во Велика Британија. Лани го освои златниот медал на Зимскиот олимписки фестивал за млади во Ерзурум, Турција.
Претседателот на Рома, Џејмс Палота е запрашан за сегашните односи на неговиот клуб и Барселона откако каталонците им го „украдоа“ Бразилецот Малколм, изјави дека единствениот начин да им прости е да го испратат Лионел Меси на „Олимпико“.
Напорите на Борусија Дортмунд да го привлечат Марио Манџукиќ најверојатно ќе завршат со неуспех. Според „Билд“, на крајот од минатата недела, Хрватот им соопштил на „жолто-црните“ дека не сака да се пресели во тимот.
Фудбалерот на Арсенал, Хенрик Мхитариjан изјави дека стилот на игра на тимот од Лондон му се допаѓа повеќе отколку оној на Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед.
Новиот спортски директор на Милан, Леонардо беше категоричен дека воопшто нема намера да го отпушти тренерот на „росонерите“ Џенаро Гатузо и дека има целосна доверба во него.
Суперѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо ќе го направи своето официјално деби во дресот на „бјанконерите“ во Серија А против Киево, определи ждрепката за новата сезона во Италија.
Поранешната ѕвезда на НБА, Ламар Одом ќе се врати на терените по четиригодишна пауза. Одом откри на Инстаграм дека ќе игра во Кина, веројатно за локалниот Шенжен Леопардс.
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во полуфиналето на ИТФ фјучрсот во Баја, Унгарија.
Францускиот велосипедист Арно Демар од тимот Францез де жуа победи на 18-та рамнинска етапа од трката „Тур де Франс“, која се возеше од Три-сур-Баиз до По со должина од 171 километар.
Машката младинска репрезентација на Македонија ја совлада Украина со 28:27 и обезбеди пласман во полуфиналето на ЕХФ шампионатот за ракометари до 20 години што се одржува во Скопје.